Иницијативниот одбор на Твоја партија, нова партија на чие чело е адвокатот Александар Тортевски, синиќа одржа состанок во Кинотека на Македонија.
Партијата во следниот период ќе утврди платформа, статут и модел на организација.
На состанокот беа забелажани јавни личности меѓу кои актерката и активистика Ирена Ристиќ и професорката Мирјана Најчевска.
– Правото и правната држава е нашата црвена линија и за тоа нема отстапка. Македонија да ја направиме пристојно место за живеење, тоа е голема задача, можеби и невозможна, но не се откажуваме. Веќе 30 години имам ангажман во таа насока и тешко ни оди, но не се откажуваме – рече Тортевски.
Според Тортевски, иницијативата главно тргнала од твитер заедницата, односно од „добронамерни и реализирани луѓе кои ниту бараат позиција, ниту бараат функција, кои се против партиски вработувања, против тајкуни да добиваат тендери, кои се залагаат за систем со комплетна одговорност, кои едноставно сакаат Македонија конечно да стане пристојна држава“.