Во Кривичниот суд во Скопје, денеска треба да се одржи рочиште за предметот на СЈО, „Траекторија“ кој се однесува однесува на изградбата на автопатите.
Во случајот осомничени се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор за државни патишта Љупчо Георгиевски, дека во 2012/2013 година ги пречекориле своите овластувања во постапката за избор на компанија за изградба на автопатските делници до Штип и Охрид и нанеле штета на буџетот на државата од најмалку 155.117.172 евра.
Во овој случај денеска треба да се преслушаат дел ов вкупно 315-те прислушувани разговори. И на минатото рочиште за беа пуштени околу педесетина „бомби“ за договарањето со кинеските власти, „Ексим“ банка и компании околу изградбата на автопатските делници Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. За овој случај треба да се слушнат вкупно 315 „бомби“.
Снимените разговори што се пуштаа во судницата, а кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, ги изнесуваше обвинителката Лиле Стефановска од СЈО. На рочиштето се слушаа разговори од периодот околу јуни 2012 година, односно пред македонска делегација да замине за Кина.
Во една од „бомбите“ Јанакиески вели дека треба да се побрза, бидејќи како што кажува „ова со Кинезите ми е основната база за идните избори“.
Јанакиески во еден од разговорите со македонскиот амбасадор во Кина, му вели дека проблем со „Ексим“ банката е како долгот да не влезе во ставката буџетски дефицит, туку како долг.