Во судар на две возила, настрада пешак во Скопје

142

Тешко повреден пешак на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и булеварот „Св. Климент Охридски“ при судар на две возила.

Во СВР-Скопје вчера во 19,55 часот е пријавено дека на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и булеварот „Св. Климент Охридски“ се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистерски таблици управувано од Б.Т. (29) од Скопје и патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици управувано од К.И. (65) од Скопје, при што настрадал и пешакот Д.Б. (65), кој се здобил со тешки телесни повреди.

Д.Б. (65) од село Волково бил пренесен и задржан во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Со телесни повреди се здобиле Б.Т. и двајца сопатници од двете возила Д.В. (40) и В.И. (56).

Извршен бил увид на местото на настанот во присуство на јавен обвинител. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...