Во студентскиот дом „Стив Наумов“ ќе биде отворена обновената читалница

79

Во студентскиот дом „Стив Наумов“ денеска ќе биде официјално отворена обновената читалница. Обновувањето е реализирано во рамките на проектот „Студентски домови без корупција“ спроведен од страна на студентите од студентскиот дом и Младинскиот образовен форум.

Акцијата беше спроведена од 1-ви до 12-ти овој месец со цел да се уреди просторот во постојната читалница и дворот во студентскиот дом, а преку донаторска акција ќе се изврши и опремување на библиотеката во рамки на читалницата.

– Со оваа акција започнува низата студентски акции во државните студентски домови. Студентските акции од проектот ќе се спроведат во државните студентски домови „Стив Наумов“, „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Гоце Делчев“ во текот на јуни 2019 година – велат од МОФ.

Проектот „Студентски домови без корупција“ се спроведува од август минатата година и ќе трае до јули годинава. Примарната цел на проектот е да се поттикнат институциите на потранспарентно и поодговорно управување со студентските домови, како и вклучување други институции, организации и правни лица за подобрување на условите во домовите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...