Во струшкото училиште „Нико Нестор“ ученици истепале соученик и вработена

273

Група ученици нападнале нивен соученик и вработена во средното училиште „Нико Нестор“ во Струга.

Според информациите на охридската полиција, инцидентот се случил вчера околу 13 часот кога било пријавено дека во кругот на средното училиште група ученици го нарушиле јавниот ред и мир со физички напад врз соученик и врз С. Г., вработена во училиштето.

Учесниците се повикани во полициска станица и се преземааат мерки за расветлување на настанот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...