Во 18.38 часот во СВР Скопје вчера било пријавено дека во стан на булевар „АВНОЈ“ во Скопје пронајден е починат Н.Ѓ.(38).
Од лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт без траги на насилство.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Аеродром. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.