Во Србија работа чекаат 151 доктор на науки, најмногу економисти

73

Во Србија, според податоците на Бирото за вработување, за работа чекаат 151 доктор на науки, од различни струки, од кои 92 се жени.

Најголема група меѓу најобразованите граѓани кои се евидентирани во Националната служба за вработување се 22 доктори на економски науки.

Просечно имаат по 45 години, додека на Бирото за вработување се 34 месеци.

Во таа евиденција се и девет доктори на медицински науки кои во просек чекаат 28 месеци и имаат 36 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...