Во Србија пеколот допрва доаѓа, загрозено здравјето на 20.000 лица

470
ФОТО: EPA, Nemanja Pančić / Курир.рс

Во поплавените места кај Краљево и Чачак, здравјето на над 15.500 луѓе е загрозено поради заканата од дизентерија, инфективна жолтица и цревни инфекции предизвикани од салмонела, шигела и ехерихиза.

Како причини за ова се наведуваат помешаните води од бунарите со фекалните од септичките јами, а имало и многу животински лешови кои исто така би можеле да бидат извори на зараза. Се стравува дека се загрозени уште неколку илјади граѓани со оглед на тоа колку е голема поплавеноста во Србија.

Се додава дека водата се повлекува, но пеколот допрва доаѓа.

ФОТО: EPA, Nemanja Pančić / Курир.рс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...