На улицата „Ѓорче Петров“, вчера во 9.45 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „фолксваген транспортер“ (сопственост на МВР на РМ) управувано од Б.С.(31) и патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистерски таблици управувано од А.С.(18) од с.Сарај-скопско.
Во сообраќајната незгода со повреди се здобиле Б.С. и уште двајца полициски службеници. Извршен бил увид и се работи на целосно расчистување на случајот.