На магистралниот пат Гостивар-Кичево, вчера попладне околу 17.25 часот кај асфалтната база „Прогрес 98“ во сообраќајна незгода животот го загубил 32 годишниот С.П.
Тој починал на лице место а според деталите на МВР несреќата се случила меѓу патничко моторно возило „Рено Меган“ со гостиварски регистерски таблици и патничко моторно возило „Опел Астра“ со дебарски регистерски таблици управувано од Џ.А.(21) од Дебар.
Во незгодата од здобиените повреди на самото место починал возачот С.П. Смрт била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош од Гостивар.
Со возило на Итната медицинска помош во Ургентниот центар во Гостивар биле пренесени возачот Џ.А. и сопатниците од двете возила М.М.(24), Љ.П.(25) и тригодишно дете. По укажаната лекарска помош кај Џ.А. и М.М. констатирани биле тешки телесни повреди и биле препратени во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“ во Скопје на понатамошно лекување, а додека кај Љ.П. и кај детето констатирани биле телесни повреди и биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар.