Во сообраќајката која попладнево се случи на крстосницата кај Собранието и Градската болница, во која беше повреден мотоциклист, учествувал заменик министерот за култура, Влаимир Лазовски.
Тој бил во возилото, а откако полицијата изврши увид тој се огласи и порача дека ако треба ќе понесе одговорност.
„Најважно од сé е што мотоциклистот и јас сме добри. Цело време бев со него, пуштен е од болница, добро се чувствува. Јас немам повреди. Надлежните органи извршија увид и доколку се утврди моја вина ќе сносам одговорност“, напиша Лазовски.