Во Скопје синоќа казнети 16 пијани возачи

234
 Од 130 контролирани возачи од страна на полицијата, синоќа во Скопје 16 управувале возило под дејство на алкохол. При акциската контрола, 60 возачи ја прекорачиле дозволената брзина и биле издадени  56 мандатни и четири прекршочни платни налози.

Како што соопшти МВР, при контролата од 11 синоќа до 5 часот утринава, откриени се и 47 останати прекршоци за кои се издадени 28 мандатни платни налози и 13 прекршочни платни налози.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...