Во Скопје се собраа првите разузнавачи од регионот

411

Агенцијата за разузнавање на Република Македонија организира средба на шефови на безбедносни и разузнавачки служби во Скопје во рамките на процесот Брдо-Бриони.

Агенцијата за разузнавање информира дека претставниците на службите биле од државите вклучени во процесот.

„На состанокот се дискутира за безбедносните закани во регионот, геополитика, како и тековните ризици врз регионалната безбедност. На настанот присуствуваа и специјални гости од други земји, кои презентираа свои согледувања и анализи за безбедносните предизвици, дополнувајќи ја вредноста на дискусијата. Средбата е во поддршка на претседателскиот процес Брдо-Бриони, а претседателите на државите учеснички во овој процес ќе бидат информирани за заклучоците од дискусиите“, се навдува во соопштението.

Агенцијата за разузнавање, се вели во информацијата, го искористи настанот за одржување и унапредување на регионалната соработка меѓу разузнавачко-безбедносните служби.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...