Во Скопје наврнале 32 литри дожд на метар квадратен

181

Во текот на изминатите 24 часа во Скопје-Лисиче наврнале 32л/м2, 22 во Тополчани, 19 во Крива Паланка, 12 во Виница, 9 во Тетово и Крушево, 7 во Берово, 6 во Струмица, 3 во Прилеп, 2 во Пожаране, Штип и Гевгелија и еден Дојран, соопштуваат од УХМР.

Времето денеска во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови за појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Максималните температуи ќе се движат во интервал од 27 до 35 Целзиусови степени. УВ индексот=8

Времето во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе
има услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Температурите ќе се движат до 32 степени.

До вторник ќе се задржи претежно сончево и многу топло време. Во понеделник и
вторник ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Во среда времето ќе биде нестабилно на
повеќе места и ќе дува засилен северозападен ветер, што ќе придонесе да има опаѓање на температурата од 7 до 9 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...