На подрачјето на СВР Скопје вчера се преземени мерки и активности и констатирано е дека седум возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 12 возачи, од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол и 11 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и девет возила бидејќи биле нерегистрирани.
Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, седум возачи поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање на првенство на минување на возила во зона на крстосница, еден возач на мотоцикл поради неносење заштитен шлем, 17 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 29 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкционирани се три пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин.
Во текот на изминатиот ден издадени се 93 мандатни платни налози, а 66 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.