Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски заедно со директорот на матичната служба, Бујар Дарлишта, денеска го означија почетокот на работа на канцеларијата на матична служба во објектот на месната заедница Синѓелиќ.
Георгиевски посочи дека на ова место и претходно постоела оваа канцеларија, но долги години објектот на месната заедница бил целосно руиниран и вон употреба.
– Оваа канцеларија во која има уште неколку канцеларии од други државни институции, денес повторно работи во служба на граѓаните. Целосно е обновен целиот објект. Од пред неколку месеци работат канцеларијата на месната заедница, како и канцеларијата за превенција, а од денеска и матичната служба. Во наредниот период ќе почне со работа и канцеларијата на социјалната служба на град Скопје – вели Георгиевски.
Со отворањето на оваа канцеларија, општината, заедно со канцелариите на дел од државните институции повторно им стојат на услугите на граѓаните.
Од Општината велат дека и натаму ќе се грижи за секој граѓанин да добие навремени и квалитетни услуги. Канцеларии од овој вид ќе бидат отворени на уште неколку места.