Во текот на изминатиот месец од Градот Скопје во секоја од училниците во сите 23 средни училишта поставиле прочистувач на воздух или вкупно 572 прочистувачи.
„Тргнувајќи од фактот дека учениците поминуваат околу една третина од денот во училишните простории и дека таа млада популација е движечка сила на општеството, Градот ги набави прочистувачите на воздух. Средношколците заслужуваат да учат во подобри услови и затоа се инвестира во секој сегмент од нивното образование, се создаваат можности за непречено функционирање во училишниот систем и се создаваат услови за унапредување на квалитетот на образовниот процес“, наведуваат од Град Скопје.
Инаку, Градот Скопје е единствената единица на локалната самоуправа која обезбеди прочистувачи за воздух за секое свое училиште и за секој средношколец, а за оваа инвестиција од Буџетот издвои околу 11 милиони денари.