Во седум земји со смрт се казнува хомосексуалноста, а во 70 е незаконски да се биде геј

Консензуалните истополови односи се криминализирани во дури 70 држави, членки на ОН. Во 26 од нив казната за хомосексуален секс варира од 10 години до доживотен затвор. 

209

Драконскиот закон во Брунеј донесен пред два дена, каде хомосексуалноста ќе се казнува со смрт со каменување, предизвика бурни реакции во светската јавност, посебно меѓу поборниците за човекови права.

Но, тоа не е единствената земја каде луѓе се прогонувани само поради нивната сексуална оријентација, наведува Си-Ен-Ен.

Според минатомесечниот извештај на Меѓународното здружение на лезбејки, геј, бисексуални, транс и интерсексуални лица (ИЛГА), а кој се однесува на хомофобијата на државно ниво, шест држави членки на ОН имаат смртна казна за консензуален истополов секс, а Брунеј стана седмата. Во извештајот се посочува дека смртна казна за таков сексуален чин е можна во уште пет земји-членки.

Консензуалните истополови односи се криминализирани во дури 70 држави, членки на ОН. Во 26 од нив казната за хомосексуален секс варира од 10 години до доживотен затвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...