Во северна Грција за 24 часа температурите опаднале за 10 до 18 степени

Студениот бран што од завчера ја зафати Грција, донесе и силен ветер, а на островот Евија вчера наутро ветерот бил со јачина од 164 километри на час.

176

За 24 часа во северниот дел на Грција бил регистриран значителен пад на температурата и температурни разлики меѓу 10 и 18 степени, според грчката Национална опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Најголема температурна разлика била забележана во Лерин, кога температурата од вторникот во средата паднала за 18 степени. Во Козани и Птолемаида за истиот период, бил регистриран пад од 16 степени, а во Кукуш, Драма и Серес за 13 степени.

Студениот бран што од завчера ја зафати Грција, донесе и силен ветер, а на островот Евија вчера наутро ветерот бил со јачина од 164 километри на час.

Поради снегот и денеска се затворени дел од основните и средните училишта во неколку градови и планински села во северна Грција.

Од грчката полиција соопштија дека, поради снегот, донесена е забрана за товарни возила на дел од автопатот Атина – Ламија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...