Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска имаа акција за генерално чистење на скопската општина Сарај.
Во рамките на акцијата беше извршено рачно и машинско метење и миење на главните и на сервисните улици во општината. Во реализацијата на активностите беа ангажирани 30 работници на терен, додека од механизацијата се употребуваа шест автоцистерни, мало комунално возило за рачно миење – ВАП, како и специјалните комунални возила – метларки, патарки и кипери.
Пред големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје спроведе и рачно миење на поголемите исламски верски објекти во оваа скопска општина, соопшти општината.