Во САД се шири мистериозна болест од е-цигари

Симптомите на непознатата болест вклучуваат кашлање, отежнато дишење и замор, а во некои случаи повраќење и пролив.

613

Едно лице од САД почина од тешка болест на дишните патишта предизвикана од пушење на е-цигари, јавуваат тамошните здравствени служби, пренесува хрватски Индех.

Експертите ја истражуваат мистериозната болест на белите дробови која се шири во САД, а поврзана е со конзумирање на е-цигари.

Центарот за контрола и превенција на болести јавува дека се појавиле потенцијални 193 случаи во 22 сојузни држави.

Во повеќето случаи забележена е и конзумирање на ТХЦ, активна суспстанца од канабис.

Случаите се пријавени во текот на изминатите два месеца, а лицето кое починало била хоспитализирана поради непозната болест предизвикана од пушење на е-цигари.

Директорот Центарот Роберт Редфилд наведува дека оваа трагична смрт дополнително ги потврдува безбедносните ризици поврзани од конзумацијата на е-цигари и на нив слични пртоизводи.

Претседателот на Американското здружение на корисници на е-цигари Грегори Конли изјавил дека е уверен дека заболувањата не се предизвикани од уредите кои содржат никотин, туку од тие кои содржат канабис или други синтетички дроги.

Причината за мистериозната болест сѐ уште не е идентификувана, но секој од случаите вклучува користење е-цигари во некој облик.

Симптомите на непознатата болест вклучуваат кашлање, отежнато дишење и замор, а во некои случаи повраќење и пролив.

Не е докажана присутност на некоја заразна болест од вирус или бактерија.

– Не е јасно дали овие случаи имаат единствен причинител или станува збор за различни болести со слични симптоми – изјавила др- Ариас.

Само во сојузната држава Илиноисзабележани се 22 случаја, а возраста на пациентите е од 17 до 38 години.

Погодени се 22 сојузни држави, повеќерто од нив во средниот и североисточниот дел на САД, но  болеста се појавила и во Калифорнија, Тексас и во Ново Мексико.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...