Во САД бројот на заболени од заразна жолтица зголемен за 300 отсто

68

Бројот на заболени од хепатит А кај возрасните лица во САД во последните две години е зголемен за дури 300 отсто, покажува најновото истражување на американскиот Центар за контрола и превенција на болеста.

Истражувачите го анализираа бројот на пријавени случаи во периодот од 2013  до 2018 година, преку Државниот систем за контрола на болести.

– Инфекциите со хепатит А се зголемени за 294 проценти помеѓу 2016 и 2018 година, се наведува во  најновата студијата.

Високо заразниот вирус се пренесува преку конзумирање контаминирана храна, преку блиски личности и сексуални контакти или преку злоупотреба на дрога.

Во минатото, хепатит А се јавуваше на секои 10 до 15 години кај деца кои не покажуваа симптоми на болеста, а сега децата редовно се вакцинираат до една година.

– Зголемениот број вакцинирани лица меѓу загрозените групи со инфекцијата хепатит А може да спречи натамошно ширење на болеста, наведуваат авторите.

Една доза вакцина против хепатит А овозможува заштита во 95 отсто од случаите до 11 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...