Во Русија 22.750 долари казна за „лажни вести“

137

Рускиот Парламент денеска донесе закон кој предвидува казни до 1,5 милиони рубљи (22.750 долари) за „лажни вести“.

„Регулаторно телото за медиумски мониторинг Роскомнадзор ќе им препорача на медиумите да ги избришат материјалите, кои предизвикуваат немир“, се наведува во соопштението на Државната Дума, Долниот дом на рускиот Парламент.

Доколку посочената содржина не биде отстранета, властите ќе ги задолжат интернет провајдерите да ја блокираат адресата.

Минатата недела „Репортери без граници“ ги повика интернет платформите „да се спротивстават на притисокот на руската Влада и да ја заштитат слободата на изразување“.

Организацијата за слобода на медиумите посочи голем број веб-страници, блокирани во Русија, но достапни од Германија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...