Во Ротимље се одбележаа 15 години од смртта на Борис Трајковски

97

Со положување венци пред спомен обележјето во Ротимље, БиХ, денеска е одбележана 15-годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски, кој заедно со своите соработници и члeновите на екипажот загина во авионска несреќа при доаѓањето на Меѓународната инвестициска конфренција 2004 година, наведе агенцијата ФЕНА.

Венци положија делегации на Владата на Република Северна Македонија, Председателството на БиХ, Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Собранието на БиХ, Министерството за надворешни работи на БиХ, Амасадата на Република Северна Македонија и Бих, владите на Хецеговачко-неретванската жупанија, Градот Мостар и Здружението на Македонци во БиХ.

Во име на Владата на Република Северна Македонија се обрати министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу кој истакна дека Трајковски остави голем печат во македонската историја.

– Трајковски беше човек од кој младите политичари можат многу да научат. Тој беше храбар и одлучен човек кој знаеше како во тешки моменти да донесе одлуки што можеа да го чинат политички поени, но одлуки што беа добри и во интерес на сите граѓани на Република Северна Македонија – истакна Фазлиу.

Запрашан да ги искоментира двете истраги што во БиХ беа спроведени за авионската несреќа и одредените сомнежи во Северна Македонија за околностите на загинување на претседателот Трајковски, министерот Фазлиу истакна дека сомнежот постои поради тоа што Македонија имаше претседател кој знаеше да донесе храбри одлуки и дека сите знаат дека таквите политичари тие одлуки „неретко ги плаќаат со својот живот“.

– Има сомнеж кај македонскиот народ дека врз претседателот Трајковски е извршен атентат, но без докази тоа никој не може да го потврди – рече Фазлиу.

Авионот на Владата на Република Северна Македонија се урна на 26 февруари 2004 година на подрачјето на селото Ротмиње. Покрај Трајковски во него загинаа советниците од неговиот кабинет Димка Илкова Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Лозановска, Миле Крстевски од Министерството за надворешни работи, членови на обезбедувањето Ворис Велинов и Аце Велиновски и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...