Во ринг почина млад австралиски боксер кој двапати го победи ракот

350
БЕСПЛАТНА ФОТО / ПИКСЕЛС

Австралискиот боксер Двајт Ричи почина на 27-годишна возраст, откако за време на еден тренинг боксувал со спаринг партнер, примил удар, паднал и веќе не се разбудил.

Ричи, кој имаше прекар „боксерски каубој“, беше првак на Австралија и Азија во ИБФ верзијата, во категоријата супер велтер, а требаше да се бори на 6 декември против Томи Брауни. Го сметаа за еден од најголемите боксерски таленти кои ги имала Австралија.

Починатиот боксер има три деца, а кога тој бил бебе, двапати се борел и го победил ракот. Ричи е четвртиот боксер кој почина во 2019 година. Првите тројца починаа од повреди на мозокот, а за Австралиецот допрва треба да се утврди причината. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...