Полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во седум угостителски објекти во Тетово ноќеска од 22 до 2:00 часот, при што затекнати се четири лица со нерегулиран престој, три женски лица на возраст од 17 и 18 години од Косово и едно машко лице на возраст од 24 години од Албанија. Исто така, во еден објект се затекнати две лица на возраст од 25 години од Тетово и село Порој, кај кои е пронајдена марихуана. Лицата се приведени за понатамошна постапка – информираат од полицијата