Во „рено трафик“ пронајдени 28 мигранти

96

На патниот правец Валандово-Струмица, пред влез во село Костурино, синоќа во 20,45 часот при проверка на патничко возило „рено трафик“ со битолски регистарски ознаки, полициски службеници од Полициска станица Стар Дојран пронашле 28 лица мигранти, а возачот на возилото го напуштил местото на настанот.

Од МВР денеска информираа дека мигрантите биле предадени на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Исток за понатамошна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...