Во Прилеп ечеа партизански песни

1688

Со партизански песни, традицонален планинарски марш денеска во маанстирот Свети Димитрија во близина на Прилеп се одбележа 75 годишнината од Февруарскиот поход, еден од најзначајните настани за време на НОБ.

Целта на походот била да го развие востанието против фашистите и да се продолжи кон конечно ослободување на државата и создавање сопствена македонска држава.

– Тој поход овозможува да формираат нови бригади, нови партизански одреди и да се омасови народното ослободително движење, кое даде огромен придонес за создавање на македонската држава, како независна држава после царството на цар Самоил – истакна Круме Соколоски, претседател на организација на борци на Прилеп.

На свеченоста присуствуваа и организации на борци од другите градови на Македонија кои истакнаа дека, сегашните генерации, треба да продолжат да го почитуваат делата на партизаните.

– Учесниците во февруарскииот поход беа претежно млади луѓе, но свесни за големината на времето, готови се што имаат да жртвуваат за иднината. Денес најголемо богатство е да се биде свој на своето“ – вели Радислав Ѓиноски, претседател на организација на борци од Гостивар.

На денешното одбележување на празникот имаше и 100-тина планинари кои направија марш од неколку километри низ планините во околината на Прилеп кој заврши манстирот Свети Димитрија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...