Во прекин сообраќајот на улицата „Владимир Полежиновски“

315

Поради потребите на снимањето на филмот „Врба“, кој е во режија на Милчо Манчевски, а во продукција на „Банана филм“, денеска, утре и задутре  сообраќајот на улицата „Владимир Полежиновски“ (зад Трговскиот Центар Буњаковец), ќе биде во прекин.

Како што информираат од продукцијата на филмот, улицата ќе биде затворена за сообраќај во наведените три дена во периодот од 15 часот до 6 часот, наредниот ден.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...