Во прва посета на АРМ воени претставници на 29-те земји членки на НАТО

148

Високи воени претставници на 29 – те земји членки на Воениот комитет на НАТО, предводени од заменик претседавачот генерал-потполковник  Стивен Шепро, утре и задутре првпат ќе престојуваат во историска посета на Армијата на Република Македонија.

За време на посетата, од страна на  домаќинот началникот на ГШ на АРМ генерал-мајот Васко Ѓурчиновски, а по покана од министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, претставниците на Воениот комитет на НАТО, ќе бидат запознати со постигнувањата, подготвеноста и идните планови на Република Македонија – АРМ за полноправно членство во Алијансата.

Полковник Зоран Илов, координатор на активност, на денешната средба со новинарите информираше дека станува збор за исклучиво воен настан од затворен тип. Не е предвиден прием и учество на претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов. Од АРМ потенцираат дека денеска ќе се знае дали и борбените аташеа на земјите членки на НАТО ќе присуствуваат во Република Македонија.

Во касарната „Илинден“ во Скопје планирана е и вежба за демонстрација на  оперативните способности, опремата и техниката на дел од декларираните единици од Здружената оперативна команда.

Воениот комитет е највисоко воено консултативно тело на НАТО, формирано неколку месеци по формирањето на Алијансата, а го сочинуваат началниците на Генералштабовите на Армите на земјите – членки на НАТО. Воениот комитет на ниво на началници се состанува три пати годишно, додека воените претставници на НАТО земјите најмалку еднаш седмично. Има три функции: советодавна за Северноатлантскиот совет, потоа конекција односно даваат политика и стратегија на двете стратегиски команди на НАТО, а тоа се командите на НАТО за трансформација и за операции. Третата функција е преведување на дипломатскиот јазик, односно насоките од Северноатлантскиот совет од политиката на воен јазик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...