Во понеделник почнува пратеничката расправа за уставните измени

385

Претседателот на Собранието за в понеделник, 15 октомври, ја закажа седницата на која на дневен ред ќе биде Предлогот за пристапување кон уставни измени, а се очекува истиот ден да биде свикана и Комисијата за уставни прашања на која би почнал претресот по предлогот.

Од Собранието на Република Македонија за МИА информираат дека 61. седница ќе се одржи во понеделник на 15 октомври во 11 часот, а по нејзиното завршување ќе започне 60. седница.

Почетокот на Комисијата за уставни прашања, како што велат од Кабинетот на претседателот Талат Џафери, најверојатно ќе биде исто така во понеделник. Комисијата за Предлогот за пристапување кон уставни измени може да расправа 10 дена, по што Извештајот од неа повторно треба да се најде на пленарна седница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...