Во Полска уапсена активистка, на икона ставала ЛГБТ симбол

70

Полицијата во Полска уапси една активистка од организацијата Амнести интернешнал, бидејќи, наводно, ја осквернавила најценетата католичка икона во земјата, додавајќи ја бојата на виножитото, која е симбол на ЛГБТ заедницата.

Според министерот за внатрешни работи, Јоаким Бружински, жената е уапсена во градот Плок, бидејќи ја осквернала иконата на Мајката Божја.

Според Законот во Полска, за повреда на верски чувста поединци може да бидат казнети до две години затвор.

Најавени се протести поради нејзиното апсење.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...