Во Познањ почнува самитот за Западен Балкан 

Портпаролката на германската Влада, Мартина Фиц во петокот изјави дека е предвидена и заедничка прес-конференција на премиерите на Полска, Матеуш Моравијецки, на Северна Македонија, Зоран Заев, на Бугарија, Бојко Борисов и германската канцеларка Ангела Меркел.

285

Шестиот самит на држави од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес почнува денеска во Познањ во Полска, која претседава со процесот. Во рамки на самитот денеска ќе има форум, а утре и Бизнис форум ЕУ-Западен Балкан и Форум на цивилното општество.

Берлински процес и Самит на земјите од Западен Балкан годинава ќе се одржи до 5 јули. Тоа е иницијатива што поддржува регионална соработка на Западен Балкан и ја дополнува политиката на проширување на Европската унија.

– Конференцијата организирана во рамките на Берлинскиот процес претставува платформа за европски дијалог и соработка, која дава поддршка на политиката на проширување на ЕУ – изјави полскиот заменик министер за надворешни работи Шимон Шинковски вел Сенк.

Тој додаде дека целосна европска интеграција е можна само ако граѓаните се вклучени во процесот.

Во процесот се шест партнери од Западен Балкан, Европската комисија, одделни земји на ЕУ, меѓународни финансиски институции, меѓународни и регионални организации.

Полска се приклучи на процесот во 2018 година, а во 2019 година го предводи тој процес.

Претходните самити се одржаа во Виена (2015), Париз (2016), Трст (2017) и Лондон (2018).

Берлинскиот процес е покренат од страна на германската Влада во 2014 година. На овогодинашната конференција, како што претходно беше најавено, ќе присуствува и германската канцеларка Ангела Меркел.

Портпаролката на германската Влада, Мартина Фиц во петокот изјави дека е предвидена и заедничка прес-конференција на премиерите на Полска, Матеуш Моравијецки, на Северна Македонија, Зоран Заев, на Бугарија, Бојко Борисов и германската канцеларка Ангела Меркел.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...