Во пожар целосно изгоре барака во Петровец, неколку семејства останаа без дом

144

Барака во општина Петровец утринава целосно изгоре во пожар. Повредени нема, но без покрив на главата се останати неколку семејства.

Пожарот бил пријавен во Територијалната противпожарна бригада утринава во 8.30 часот, а целосно бил локализиран во 10 часот.

– Интервениравме со шест противпожарни возила и со 15 пожарникари. Дополнителна помош добивме и од ППТ единицата на рафинеријата „Окта“ – изјави командантот на ТППЕ на Град Скопје, Владимир Симоновски.

Бараката била со доградени соби за живеење и според првичните информации причина за пожарот е електрична инсталација. На терен интервенирале и екипи на ЕВН кои морале да ја исклучат струјата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...