Откако вчерашниот пожар во скопската населба Шуто Оризари однесе два детски живота, денеска истата трагедија се повтори во Штип, каде што во својот стан до смрт изгоре 42-годишен штипјанец.
Како што информираше МВР, пожарот се случил во зградата на булеварот ЈНА во штипската населба 8-ми Ноември. Пожарот во станот на 5-ти кат избувнал околу 10 и 30 часот, по што соседите веднаш ја повикале Единицата за противпожарна заштита.
– На лице место имавме 3 возила и 10 пожарникари. За кратко време пожарот го локализиравме -изјави Тони Георгиев од ТППЕ – Штип.
Како што објаснуваат очевидците, во станот горела само една соба, а пожарникарите спречиле огнот да се прошири на кровот и на соседните станови.
Од СВР-Штип потврдија дека во пожарот починал 42-годишен штипјанец, кој во станот живеел сам. Телото на починатиот било пронајдено под неколку ќебиња со кои се покривал, а биле видливи многу изгореници.