Во пожарот во ГОБ „8 Септември“ не се уништени важечки документи

513

Од Градската општа болница „8 Септември“ информираат дека во просторијата во која избувнал пожарот не е уништен ниту еден важечки документ кој согласно прописите мора да биде архивиран и да се чува.

Од Градската болница информираат дека во просторијата биле сместени документи стари неколку децении, кои веќе биле предмет на постапка на архивско уништување. „Во пожарот не е уништен ниту еден документ кој по важечките прописи мора да е архивиран и да се чува со законски предвиден рок“, се наведува во соопштението од болницата.

Пожарот избувна синоќа во канцеларија каде се чувал архивски материјал. Од Министерството за здравство информираа дека нема повредени лица, само е причинета материјална штета. Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје интервенирала со две возила и пет пожарникари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...