Во Пловдив спречен терористички напад, првпат Бугарија се соочи со таква закана

699

По првпат е спречен терористички напад во Бугарија, а цел на џихадистот бил Пловдив.

Според непотврдени информации, осомничениот е малолетно лице и тој бил уапсен пред да го изврши делото, пренесува БГНЕС.

Се очекува денеска прес-конференција на Обвинителството, на која ќе бидат соопштени повеќе детали.

Бугарските власти одбија да го откријат неговиот идентите, а се знае само дека станува збор за бугарски државјанин, од семејство за кое досега немало сомнение дека има врски со радикални групи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...