Во операција на Интерпол спасени 89 жртви на трговија со луѓе на Балканот

Во операцијата со кодно име „Тезеј“ учествуваа 3.000 полицајци од осум земји, вклучително и Албанија, Молдавија и Турција.

176

Најмалку 89 жртви на трговија со луѓе, вклучително и седум деца, се спасени, а десетици се уапсени во операцијата на Интерпол против организирани криминални групи на Балканот, соопшти меѓународната полициска организација.

Жртвите биле принудени да проституираат, да работат присилно и да питачат.

Во операцијата со кодно име „Тезеј“ учествуваа 3.000 полицајци од осум земји, вклучително и Албанија, Молдавија и Турција. Акциите се одвиваа на граничните пунктови, станиците, автобуските станици и квартови.

Операцијата на Интерпол е извршена минатиот месец и траеше една недела. Во неа биле уапсени 72 трговци со луѓе и 167 други лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...