Во октомври италијанскиот влегува во „Кирил Пејчиновиќ“

178

Учениците од петто одделение во Основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во општина Кисела Вода од 1 октомври ќе имаат можност како изборен предмет да учат италијански јазик.

Како што информира општина Кисела Вода, за успешна реализација на проектот за изучување на италијанскиот јазик директорот на ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ Сашо Јованоски одржал работна средба со претседателот на Институтот „Данте Алигиери“ Ладислав Цветковски. На оваа средба, како што се наведува, е потврдена соработката и начинот на кој би се реализирал проектот.

Проектот за изучување на италијански јазик е целосно поддржан и финансиран од Министерството за надворешни работи на Италија во соработка со Италијанската амбасада и Институтот „Данте Алигиери“. Целта на овој проект е промоција на италијанскиот јазик и култура во основните училишта во Република Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...