Во Норвешка отворен првиот подводен ресторан (ВИДЕО)

252

Европа го доби својот прв подводен ресторан, и тоа на северноатлантскиот јужен брег на Норвешка.

Ресторанот „Андер” (во превод „под“ како збор-предлог), на своите гости им нуди прилика – додека вечераат, да уживаат во панорамската глетка во подводниот свет на морето. Половина од ресторанот е под вода, е другиот дел – над површината.

Концептот на ресторанот нуди фиксно мени за дегустација коешто се менува зависно годишните времиња. Има капацитет од 40 лица, а свеченото отворање е закажано за почетокот на април. Првите шест мессеци се целосно резервирани.

За вечера ќе треба да се издвои околу 230 евра, а ако во нарачката е вклучено и вино, цената достигнува и до 400 евра, бидејќи во земјата има висок данок на алкохол.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...