Во недела во Охрид  бесплатен паркинг, локалната власт чести за Велигден

287

Локалната самоуправа, преку ЈП „Билјанини извори”, по повод големиот христијански празник Велигден , во  недела, на 8 април, чести бесплатно користењето на услугите на јавниот градски простор.

„Одлуката ја носиме во духот на големиот христијански празник и се надеваме дека со овој наш скромен гест ќе се приклучиме кон промовирањето на христијанските вредности како дел од славењето на самиот празник. ЈП „Билјанини извори”, им посакува на сите граѓани на Охрид, Република Македонија и на сите гости од православна вероисповед добро здравје, успех во работата и благосостојба “, стои во писменото соопштение

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...