Во невреме Столтенберг пристигна во Скопје

788

Специјалниот авион на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг слета на Меѓународниот аеродром Скопје, а за околу еден час се очекува да слета и вториот авион во кој се амбасадорите на змејите членки на НАТО, односно Северноатланскиот совет (НАК), со нивните придружни делегации.

На аеродромот беше пречекан од шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, по што се упатија кон Собранието каде ќе се одржи свечен прием во чест на лидерите на НАТО.

Утре на платото пред Владата ќе се одржи свечен пречек со највисоки државни и воени почести за генералниот секретар на НАТО Столтенберг. Тој во Владата ќе има и тет-а-тет средба со премиерот Зоран Заев по што ќе се одржи состанок на Северноатланскиот совет со Комитет за интеграција на Република Северна Македонија во НАТО. Генералниот секретар Столтенберг утре ќе биде примен и од претседателот Стево Пендаровски.

 


Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...