Најроби е подготвен како домаќин на меѓународната конференција за население и развој (ICPD) каде се очекува да се интензивира напредокот на агендата за репродуктивно здравје, соопштија официјални претставници, јави МИА.
Повеќе од 5.000 делегати го потврдија учеството на глобалниот самит на население што официјално ќе почне утре и ќе трае до 14 ноември во кенискиот главен град.
-Подготвени сме да бидеме домаќини на ICPD кои поттикнаа шефови на држави, владини министри,
– Се очекува инклузивен самит што ќе ја зголеми видливоста на агендата за репродуктивно здравје на глобално ниво. Земјите ќе ги споделат своите искуства и ќе препорачаат глобалниот план за акција за забрзување на напредокот во здравјето на мајките, додаде тој.
Програмата вклучува теми, меѓу кои се „Универзален пристап до сексуално и репродуктивно здравје и права како дел од универзална здравствена заштита“ и „Поттикнување на правото на сексуална и репродуктивна здравствена заштита дури и во хуманитарни и кревки контексти“.
Организацијата на самитот е во соработка со владата на Данска и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА). Тоа ќе биде тридневниот глобален самит, во услови на повик за посветеност за унапредување на здравјето на жените со главно мото – „Интензивирање на ветувањата“ (Accelerating the Promises).
Се очекува високите претставници на самитот да излезат со конечно соопштение што ќе внесе виталност во глобалната агенда за репродуктивно здравје.
– Самитот се одржува во вистинско време бидејќи владите го поврзуваат репродуктивното здравје на жените со целокупната агенда за одржлив развој, рече Јатани.
Дереје Вордофа, заменик извршен директор задолжен за програми во УНФПА, вели дека самитот во Најроби ја потврдува заложбата на меѓународната заедница за промовирање репродуктивното здравје и права на жените.
На форумот ќе се одбележи 25-годишнината од Меѓународната конференција за население и развој одржана во 1994 година во Каиро. Популацискиот фонд на ОН – УНФПА одбележува 50-годишнина од своето постоење и 25-годишнина од клучната конференција во Каиро на која беше нагласено дека популациската политика во својот фокус мора да го има населението со неговите права и потреби. Во Каиро, во 1994 година, 179 влади ја усвоија историската Акциска програма која ги става луѓето во центарот на светските развојни процеси и ја зајакнува родовата еднаквост.