Во мрак 21 од 23 сојузни држави во Венецуела

131
ФОТО: EPA / RAUL MARTINEZ

Во 21 од вкупно 23 сојузни држави во Венецуела вчера потонаа во мрак поради саботажа во главната електроцентрала Гури, се наведува во извештајот на Националната корпорација за електрична енергија.

И главниот град на Венецуела, Каракас остана без електрична енергија, нема метро, како и телефонски и интернет услуги.

– Саботиран е централниот генератор… тоа е дел од војната против државата. Ние нема да го дозволиме тоа и работиме на повторно воспоставување на системот за електрична енергија – се наведува во соопштението на  Националната корпорација за електрична енергија.

Прекините во снабдувањето со електрична енергија се чести во Венецуела. Според експертите тоа е поради недостиг на инвестиции во инфраструктурата, додека властите тврдат дека се саботира системот за електрична енергија.

Пред неколку години претседателот на Венецуела, Николас Мадуро нареди армијата да ги чува хидроелектричните генератори, но и покрај тоа повторно има прекини во снабдувањето со електрична енергија.

ФОТО: EPA / RAUL MARTINEZ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...