Откако Шверцерите „културно“ го прославија 30-годишниот јубилеј во Македонскиот народен театар (МНТ), што предизвика бура реакции во јавноста поради однесувањетo на навивачката група од Чаир, од Министерството за култура велат дека воопшто не знаеле дека тие ќе бидат таму.
Оттаму, исто така, го осудија однесувањето на Шверцерите.
„Сметаме дека во институциите треба да има однесување како што налагаат кодексите за однесување во една институција од областа на културата. Во МНТ во петокот било најавено одржување на два настани, свеченото одбележување на Денот на албанската азбука и проекција на документарен филм, но до Дирекцијата на МНТ воопшто не било најавено присуството на навивачката група“, соопштија од Министерството.
Според соопштението на Култура, настанот бил пријавен, бидејќи настанот за кој се кренаа лавина реакција поради однесувањето на навивачите бил токму најавената проекција на документарен филм.