Четириесет мигранти биле пронајдени во „мерцедес“ на регионалниот пат Штип-Радовиш, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Вчера околу 14.30 часот на место викано „6-ти километар“, полициски службеници запреле товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.П.(46) од село Петровец, скопско. При контрола во возилото биле пронајдени 40 мигранти, 26 од Пакистан, 10 од Сирија и 4 од Египет, од кои 12 се малолетници. З.П. бил приведен и задржан во Полициската станица Штип, а по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – велат оттаму.