Во Македонија има сериозен недостиг на гинеколози

До крајот на годината ќе се работи и на зголемување на свесноста на бремените жени и нивните семејства во врска со знаците на опасност од несаканите последици во текот на бременоста и породувањето.

189

 

Во Македонија има сериозен недостиг на гинеколози повеќе од една деценија, рече денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

– Не може преку ноќ или за еден, два, три, па и до шест месеци, одеднаш во сите општини каде има недостиг на матични гинеколози, да се најдат матични гинеколози. Но, системско решавање значи зајакнување на постојните капацитети, зајакнување на постојните протоколи и услуги што ги добиваат родилките во РМ во постојните капацитети. Сигурни сме дека до крајот на годината ќе имаме резултати и подобрување на процентот, а до крајот на наредната, како што најавија и од Министерството за здравство, ќе бидеме блиску и до европскиот просек на смртност – рече Бошњаковски.

Владата најави дека заедно со Фондот за население на ОН (УНПФА), ќе потпише договор за имплементација на нови мерки за намалување на смртноста на мајките и новороденчињата во земјава.

– Мерките опфаќаат спроведување обуки во две родилишта кои опфаќаат 60 отсто од раѓањата во државата, преку градење технички капацитети на гинеколозите и акушерите, неонатолози за услуги и ефикасна грижа за предвремено родените бебиња, примена на практики во согласност со последните стандарди на Светската здравствена организација (СЗО) – истакна Бошњаковски.

Ќе се обезбеди менторство од искусни консултанти на СЗО во текот на примената на практиките за унапредување на здравјето за предвремено родените бебиња и ќе се направи адаптација на клиничките протоколи и упатства, засновани на медицина базирана на докази.

– До крајот на годината ќе се работи и на зголемување на свесноста на бремените жени и нивните семејства во врска со знаците на опасност од несаканите последици во текот на бременоста и породувањето – рече Бошњаковски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...