Во Маврово 25 сантиметри снег, најмногу дожд во Битола

302

Најмногу снег во изминатите 24 часа е наврнат на Маврово каде е формирана снежна покривка од 25 сантиметри. Снег има и во Крушево и Лазарополе 18, Попова Шапка 17, Тополчани 16, Претор 14, Битола 13, Берово и Ѓуриште 10 сантиметри.

Врнежи од дожд имаше во Битола, каде наврнале 41 литар на метар квадратен, по што следи Гевгелија со 34, Претор со 31, 27 во Демир Капија, 24 во Дојран, 23 во Струмица, 20 во Прилеп, Штип и Виница, 19 во Крушево и Тополчани, информира Управата за хидрометеоролошки работи УХМР.

За денеска се најавува делумно и краткотрајно намалување на облачноста,но преку вечерните часови од запад повторно ќе се зголемува, а во западните делови ќе има врнежи од дожд. Дневната температура ќе се движи од 5 до 14 степени.

Во Скопје преку денот умерено облачно, во ноќните часови со врнежи од дожд. Температура до седум степени.

Од утре под влијание на потопол влажен бран ќе биде облачно со врнежи од дожд кои на запад се очекува локално да наврнат и 40 литри на метар квадратен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...