Во куќа во Мати биле најдени 26 пеплосани тела, имало и деца ВИДЕО

1405
ФОТО: EPA/ALEXANDROS VLACHOS

Во куќата на Џејсон Фрагос во Грција беа пронајдени дури 26 јагленосани тела, кои изгореле од пожарите на југот од Грција.

Фрагос целото свое детство го минал во оваа вила.

Вели дека за него овој објект бил „куќа од соништата“, а Мати омилено место.

Дел од луѓето во пожарите се спасиле, го нашле патот до морето. Но во оваа куќа на хоророт 26 луѓе беа пронајдени мртви. Меѓу нив имаше и деца.

„Тоа е и ќе остане тажен момент за мене и моето семејство“ – вели тој.

Фрагос додава дека иако телата се извадени, сепак местото изгледа застрашувачки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...