Во критична состојба девојка со морбили на Инфективна, а уште шестмина во тешка состојба

316
20150131 Saturday 1446 infektivna klinika

Освен 16-годишната пациентка со церебрална парализа, која има пневмонија како компликација од морбили и е на механичка вентилација на Универзитетската клиника за инфективни болести, уште едно дете и пет возрасни со компликации од морбили се во тешка состојба, информираат од оваа јавна здравствена установа.

Како што претходно објавивме, од морбили почина 10 месечно бебе на Клиниката за детски болести, кое што е четврта жртва од ова заразно заболување годинава.

Во изминатите 24 часа, како што посочуваат од Клиниката за инфективни болести, биле прегледани тројца пациенти на возраст од 23, 25 и 38 години од Скопје со клиничка слика на морбили кои не се задржани за болничко лекување. Тројцата пациенти биле вакцинирани.

На Клиниката има 39 пациенти со морбили од кои 16 се деца и 23 возрасни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...